Sena Güler
21 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одложи најавената офцијална посета на Данска поради изјавата на премиерката на таа скандинавска земја дека идејата за купување на Гренланд е апсурдна, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Данска е посебна земја со неверојатни луѓе, но поради коментарите на премиерката Мете Фредериксен дека нема намера да разговара за американското купување на Гренланд, за друго време ќе ја одложам нашата средба, која беше најавена за две недели“, порача Трамп на Твитер.
Трамп, исто така, наведе дека данската премиерка Фредериксен со директноста ги спасила двете земји од големи трошоци од посетата, и ѝ се заблагодари за тоа.
Претходно весникот „Вол стрит џурнал“ пишуваше дека Трамп е заинтересиран за напуштените ресурси на Гренланд и дека ги прашал советниците за изводливоста на идејата за купување на тој остров.
Властите на Гренланд одговорија дека тој регион е богат со минерали, вода, мраз, риби, храна и обновливли извори на енергија и дека како таков е отворен за авантуристички туризам, но не и за продажба.
Во неделата премиерката на Данска, Фредериксен, изјави дека е апсурно и да се разговара за таа идеја на Трамп.
„Гренланд не е дански, Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, порача Фредериксен.