свет

Министерство за внатрешни работи на Венецуела: 100 загинати во американскиот напад

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело изјави дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, биле повредени за време на нападот во саботата

Berk Kutay Gökmen  | 08.01.2026 - Обновена : 09.01.2026
Министерство за внатрешни работи на Венецуела: 100 загинати во американскиот напад

ИСТАНБУЛ (АА) - Во нападот на Соединетите Американски Држави (САД) во Венецуела загинаа 100 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи на Венецуела, пренесува Анадолу.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело изјави дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, биле повредени за време на нападот во саботата, според телевизиската мрежа „ТелеСУР“.

Кабело им оддаде почит на Мадуро, неговата сопруга и на убиените во американската воена операција.

„Венецуела нема да се предаде затоа што е земја со историја и наследство“, изјави тој за државната телевизија.

„Целиот свет сега знае дека Николас Мадуро е воен заробеник и дека САД ги прекршиле сите норми на меѓународен соживот“, додаде тој.

Американските сили започнаа воздушни напади врз цели во северниот дел од земјата, додека силите за специјални операции спроведоа упад во Каракас за да ги заробат Мадуро и Флорес и да ги однесат во САД.

За време на нивното прво рочиште во судот во Њујорк по обвиненијата поврзани со дрога и оружје, Мадуро и Флорес се изјаснија за невини.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın