свет

Саудиjките ќе можат да патуваат во странство без да добијат дозвола од нивните машки старатели

Регулативата предвидува жените да добијат исти права како и мажите при издавање пасоши и патување во странство, без да добијат согласност од нивните машки старатели...

Gülşen Topçu  | 21.08.2019 - Обновена : 22.08.2019
Саудиjките ќе можат да патуваат во странство без да добијат дозвола од нивните машки старатели

РИЈАД (АА) - Властите на Саудиска Арабија воведоа регулатива со која жените во таа земја ќе можат да патуваат во странство без одобрение од машки старатели, пренесува Anadolu Agency (AA).

Повикувајќи се на изјава на официјално лице од Министерството за внатрешни работи, саудиската новинска агенција СПА јавува дека низ целата земја почнале да се спроведуваат регулативите за пасош и граѓански статус.

Регулативата објавена во Службен весник во Саудиска Арабија на 2 август, предвидува жените да добијат исти права како и мажите при издавање пасоши и патување во странство, без да добијат согласност од нивните машки старатели, како што се татковци, сопружници, браќа, па дури и синови.

Пред овие нови регулативи, од жените (без оглед на возрасната група) и од мажите помлади од 21 година за патување во странство се бараше да добијат дозвола од нивните старатели.

Новите регулативи ја отстрануваат обврската адресата на живеење на жената, која е во брак, да биде иста со адресата на нејзиниот маж. Новите прописи, исто така, за прв пат на жените им овозможуваат лично да вадат и подигнуваат извод од матичната книга на родени, извод од матичната книга на венчани, документи за развод и официјални семејни документи, а ќе се здобијат и со право да бидат старатели на нивните малолетни деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın