Ekip
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
КЕЈП КАНАРЕВАЛ (АА) - Вселенското летало од Националната управа на аеронаутика и вселена (НАСА) е подготвено за лансирање на Марс, јавува Anadolu Agency (AA)
„Lander Mars InSight“ ќе биде лансирано в сабота од воената база „Вендерберг“ во Калифорнија. Тоа ќе биде првата интерпланетарна мисија која некогаш е лансирана од Западниот Брег на САД. Се планира да трае шест месеци од моментот кога леталото ќе слета на Марс и започне со единственото геолошко ископување.
Инструментите на ландерот ќе можат да копаат на Марс подлабоко од кога било досега, речиси пет метри, за да ја измерат температурата на планетата. Истовремено ќе се обидат да го измерат потресот на Марс со употреба на сеизмометар поставен директно на површината на планетата.
Ракетата „Atlas V“, покрај ландер, исто така ќе носи два мини-сателити кои треба да трагаат по вселенски летала на патот до Марс.