Övünç Kutlu
04 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Социјалната мрежа „Твитер“ („Twitter“) побара од сите свои корисници да ги променат своите лозинки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Твитер, поради технички проблем во системот на оваа социјална мрежа, оваа компанија побара од своите корисници низ светот да ги променат лозинките на нивните профили.
Во соопштението се вели дека откако техничкиот проблем бил откриен, тој веднаш бил решен.
Се истакнува дека не е откриено некакво прекршување на безбедноста, но превентивно е побарано од корисниците да ја променат нивната лозинка.
Месечно во просек 336 милиони лица го користат Твитер низ светот.