Ferhat Demircan
06 Мај 2018•Ажурирај: 07 Мај 2018
АНКАРА (АА) - ФЕРХАТ ДЕМИРЏАН -
Научниците открија дека славеите, со тежина од само 24 грама, седум години заради парење минуваат илјадници километри од Африка во Турција, а станува збор за птица којашто во просек живее осум години.
Д-р Арзу Ѓурсој Ерген, професорка на Универзитетот во Анкара, во разговор за Anadolu Agency (AA) истакна дека во соработка со Блискоисточниот технички универзитет (METU) и Генералната дирекција за заштита на природата и националните паркови, спроведуваат студија за преселбата и одбележувањето на птиците со цел да се следи влијанието на глобалното затоплување, и со цел утврдување на местата за хранење, размножување и сместување, како и патот на миграција на птиците.

Ерген истакна дека заедно со други професори и експерти ја координираат ова студија во Центарот за обележување на птици во Ејмир, и дека во првата фаза обележале 330 птици од 31 вид, и регистрирале разни податоци за птиците, како што се тежината, полот, должината и други елементи, а потоа ги пуштале во природата.

Нагласувајќи дека со тоа имаат за цел подобро да ги разберат местата на презимување и размножување, патот и датумот на миграција, Ерген рече дека ќе направат и анализи со примероците добиени од птиците за нивната генетика.
Таа ги наброи видовите птици кои ги обележуваат, меѓу кои се брезовиот свиркач, црноглавото грмушарче, ќукот, беловратото муварче и славејот.

„Најзначајните податоци што ги добивме во рамките на нашата работа, се податоците од славејот. Откривме дека еден славеј кој претходно го фативме крај езерото Ејмир, и кој во 2011 година беше обележан во Ејмир, од тој датум до денес регуларно успева да мигрира од Средна Африка во Турција. Ова е едно значајно откритие, славејот кој во просек живее осум години, 7 години минувајќи илјадници километри, редовно патувал од Африка кон Турција“, нагласи Ерген.

Бурак Татар, експерт од турското Министерство за шумарство и водостопанство, истакна дека во периодот 2001-2002 и 2011-2012 година во Ејмир реализирале обележување на птиците, и дека оваа година повторно започнале со оваа работа.
Татар рече дека Националната програма за обележување на птиците ќе биде корисна во насока на добивање значајни податоци во оваа област.