Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Се соопштува дека лек што е развиен за лекување на остеопороза, има потенцијал да биде решение за ќелавоста, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците од Универзитетот „Манчестер“ спроведоа истражување кое покажа дека лекот кој е наменет за лекување на остеопороза, во лабораториски услови овозможил раст на фоликулите на влакното.
Во рамките на истражувањето чии резултати се објавени во списанието „PLOS Biology“, користени се делови од кожата на главата кои содржат фоликули на влакната од косата, земени од повеќе од 40 пациенти.
Водачот на проектот, д-р Нејтан Хакшо соопшти дека во лабораторијата е забележано дека лекот кој се користи за лекување на остеопороза, драстично дејствувал врз фоликулите на влакното и го поттикнал нивниот раст.
Д-р Хакшо истакна дека ефикасноста на лекот врз луѓето ќе го покажат клиничките испитувања.
Се истакнува дека лекот содржи протеин кој го спречува растот на влакното.
Во лекувњето на ќелавоста, и жените и мажите користат миноксидил, додека финастеридинот го користат само мажите.
Овие два лека, секогаш не се ефикасни, а постојат индикации дека имаат и несакани ефекти.