Gökhan Ergöçün
19 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Турската авиокомпанија „Turkish Airlines“ (THY) денес ја објави новата понуда наречена „Istanbul Bosphorus Experience“, за патниците во бизнис-класата на авиокомпанијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмена изјава, авиокомпанијата соопшти дека програмата вклучува крстaрење низ Босфорот за патниците од бизнис-класата, кои имаат време до трансфер летот од седум или повеќе часа во Истанбул, пред да продолжат со своето патување до целните дестинации.
„Патниците можат да ги откријат и да уживаат во културните аспекти на Истанбул од прва рака“, истакна Ахмет Олмуштур, главен маркетинг директор на „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс).
„Во рамките на оваа услуга, патниците ќе бидат пречекани од водич и ќе добијат пречек од прва класа кога ќе пристигнат на истанбулскиот аеродром Ататурк“, беше соопштено од авиопревозникот.
Од „Turkish Airlines“ истакнаа дека со водич патниците ќе бидат префрлени до марината во Еминону или Каракој, двата истакнати симболи на Истанбул; гостите исто така ќе имаат можност за приватно крстарење низ Босфорот.
„Во текот на крстарењето, учесниците ќе имаат обезбедено пијалаци, закуска и Wi-Fi конекција“, се вели во соопштението.
„По турата, на патниците ќе им биде понуден избор од легендарната отоманска кујна (појадок, ручек или вечера) во историскиот хотел 'Чираган Палас Кемпински'“, sе истакнува од авиопревозникот.
Маркетинг директорот Олмуштур нагласи дека „Turkish Airlines“ ќе продолжи да го подобрува својот широк спектар на активности и услуги, вклучувајќи го и светски познатиот „Turkish Airlines Lounge Istanbul“.