Didar Yüsra Dilruba Öz
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за туризам, поморски прашања и комуникации денеска соопшти дека името на новиот историски евроазиски тунел што поминува под босфорскиот теснец во Истанбул ќе биде избрано преку онлајн-анкета којашто започнува денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за Anadolu Agency, Ахмет Арслан рече дека јавноста до 10 декември ќе биде во можност да избере име за 14,6-километарскиот тунел со посета на интернет-страницата на министерството: udhb.gov.tr.
„Клучната задача во неговата изградба беше пробивањето на карпата долга 3 километри на дното на Босфорот за да се изгради подводниот тунел, фаза која беше завршена во август во 2015 година“, додаде тој.
Арслан изјави дека благодарение на интензивната работа, тунелот вреден 1,25 милијарди се отвора осум месеци пред предвиденото, а тој ќе го скрати поминувањето на теснецот од 100 на 15 минути.
Големиот проект ќе ги поврзе европската и азиската страна на градот со една железничка линија и две линии за сувоземни возила. Проектот беше склучен во 2009 година преку заеднички турско-корејски вложувања и подоцна беше наречен Тунел Евроазија, работа изградба и инвестиции (ATAS) (Eurasian Tunnel Operation Construction and Investment)
Тунелот е изграден за полесни возила како автомобили и минибуси, а возилата ќе имаат можност да го поминат тунелот за само 15 минути. Патарината за возилата ќе изнесува 4 долари за автомобили и 6 долари за минибуси.
Тунелот, кој ја поврзува европската страна на Истанбул, Казличешме, и азиската страна Ѓозтепе, се очекува да го намали застојот во сообраќајот во најнеселениот турски град, Истанбул.