Tutku Şenen
01 Декември 2016•Ажурирај: 02 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Законодавци од 42 азиски земји ја прогласија ФЕТО (група што се товари за обидот за државен удар во Турција на 15 јули) за терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-портпаролот на турскиот Парламент, Ахмед Ајдин, денес изјави дека ФЕТО е прогласена за терористичка организација во завршната декларација на 9. Пленарна сесија на Азиското парламентарно Собрание (АПА), одржана во покраината Сием Реап во Камбоџа.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, се обвинува за организирање на обидот за државен удар во Турција на 15 јули, како и за водење долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтирирање во турските институции, особено во армијата, полицијата и судството.
Во обидот за државен удар на 15 јули загинаа 248 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
Собирот на АПА, на кој присуствуваше Ајдин, завршува в петок.