Admir Fazlagic
26 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Република Турција, на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов, предвидено е тој во Истанбул да оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфорот „Јавуз Султан Селим“.