Hajer M'tırı
15 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Еден маж е клинички мртов, а петмина се во тешка состојба откако се подложиле на клиничко испитување на нов лек во градот Ренес, во југозападниот дел на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој тест е изведен во приватна лабораторија специјализирана за изведување на клинички испитувања, соопшти Министерството за здравство на Франција.
Француската министерка за здравство Марисол Турен соопшти дека синоќа е известена дека тестирањето на новиот лек во една приватна лабораторија, одобрено и акредитирано од страна на Министерството за здравје е откажано откако на едно лице му откажал мозокот а пет други се хоспитализирани.
"Се случи сериозен несреќен случај кој резултираше со хоспитализација на шест волонтери од Универзитетската болница во Ренес. Еден од нив е на интензивна нега, бидејќи мозокот не му функционира", наведе во соопштението француската министерка, која денес ќе одржи вонредна конференција за медиумите.
Моментално се прекинати сите клинички испитувања во оваа лабораторија и покрената е истрага за инцидентот.