Nuri Aydın
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Сингапур одобри продажба на „пилешко месо“ произведено во лабораторијата на една американска компанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сингапурската агенција за храна (SFA) преку соопштение информира дека е дозволена продажба на „пилешкото месо“ произведено во лабораториска средина од американската компанија „Ит Џаст“ (Eat Just).
Се наведува дека „пилешкото месо“ произведено од „Ит Џаст“ во лабораторијата е безбедно.
Главниот извршен директор на „Ит Џаст“, Џош Тетрик, истакна дека пилешкото месо произведено од животински мускулни клетки во лабораторија за кратко време ќе биде достапно во еден ресторан во Сингапур.
Тетрик иницијативата на „Ит Џаст“ ја опиша како значаен чекор за глобалната прехранбена индустрија и истакна дека очекуваат другите земји да ја дозволат продажбата на ова месо.
Исто така Тетрик изјави дека не се користат антибиотици во процесот на производство на месото.