Ekipa
13 Мај 2018•Ажурирај: 14 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Најмалку четири лица се повредени, од кои две потешко, откако едно лице со нож ги нападна пешаците во центарот на Париз, главниот град на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на француската полиција се наведува дека во подрачјето на плоштадот Опера во Париз, едно лице со нож ги нападнал пешаците.
Во нападот се повредени четири лица, од кои две се во критична состојба.
Полицијата успеала да го неутрализира напаѓачот, а министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Колом, им честиташе на безбедносните сили за брзата интервенција.