?kipa
13 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
ЈОГЈАКАРТА (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, а десетици се повредени во серијата самоубиствени бомбашки напади врз цркви во кои се одржуваше неделна миса во индонезискиот втор по големина град Сурабаја, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Источна Јава, Франс Барунг Мангера, за АА изјави дека меѓу жртвите има и 11-годишно дете. Во нападите се повредени најмалку 41 лице.
„Три од телата се идентификувани“, рече Мангера. Тој додаде дека експлозиите се случиле утринава во католичката црква „Санта Марија Так Берчела“, црквата „Света Педесетница“ и црквата „Дипонегоро“ во градот Сурабаја.
Исто така, полицијата пронајде три неексплодирани бомби во црквите „Света Педесетница“ и „Дипонегоро“ и ги деактивира.
Полицијата нареди зајакнување на безбедноста во црквите.