Haydar Hadi
13 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
БАГДАД (АА) - На ирачките парламентарни избори кои вчера се одржаа во Ирак гласаа 44,5 отсто од вкупно регистрираните гласачи, јавува Anadolu Agency (AA).
На изборите, кои се одржаа за прв пат откако е прогласена победа над терористичката организација ДЕАШ, право на глас имаа околу 24 милиони гласачи.
Врховната изборна комисија на Ирак соопшти дека официјалните резултати од изборите ќе бидат објавени во следните 48 часа.
По затварањето на избирачките места на парламентарните избори во Ирак, повеќе политички партии Регионалната курдска управа во северен Ирак изнесоа тврдења дека имало изборна измама, односно дека е хакиран електронскиот систем на гласање.
Во меѓувреме, група непознати лица извршија оружен напад врз зградата на Движењето Горан во градот Сулејманије, каде што се одржуваше средба со претставниците на двете курдски партии од северниот дел на Ирак, кои исто така се пожалија на нерегуларности на изборите.
По затворањето на избирачките места во Ирак, Движењето Горан издаде соопштение во кое тврди дека системот за електронско гласање бил хакиран. Од оваа партија порачаа дека поради тоа нема да ги прифати изборните резултати.
Новинарот на АА дознава дека група вооружени лица отвориле оган врз зградата на Движењето Горан, а потоа заминале во непозната насока.