Mustafa Melih Ahıshalı
13 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Судот во Иран изрече смртни казни за осум припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Револуционерниот суд во Техеран, Газанфер Абади, изјави дека станува збор за осуммина од учесниците во минатогодишните сериски терористички напади врз парламентот на Иран и мавзолејот на поранешниот верски лидер ајатолахот Хомеини.
„Осудените лица имаат право да поднесат жалби во следните 20 дена, во спротивно казните стануваат правосилни“, рече Абади.
Во истиот случај во тек е судењето за уште 18 осомничени лица.
Во серија терористички напади пред Парламентот и турбето на ајатолахот Хомеини во јуни минатата година, загинаа најмалку 17 лица.