İdris Okuducu
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
СУЛЕЈМАНИЈЕ (АА) - Откако се затворени гласачките места на денешните парламентарни избори во Ирак, повеќе политички партии од Регионалната курдска управа во северен Ирак изнесоа тврдења дека дошло до изборна кражба, односно до хакирање на електронскиот систем на гласање, јавува Anadolu Agency (AA).
Најпрвин се огласи Движењето Горан, кое по затворањето на избирачките места во Ирак издаде соопштение во кое тврди дека е хакиран системот за електронско гласање. Од оваа партија порачуваат дека поради тоа нема да ги признаат резултатите од изборите.
Слични тврдења стигнаа и до курдската Коалиција за демократија и правда, како и од Курдската партија на исламско единство (Yekgirtu). Овие партии исто така порачаа дека под вакви услови нема да ги признаат резултатите од изборите и дека ќе ги покренат сите неопходни законски процедури.