ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, истакна: „Со цел продолжување на светскиот поредок и мултилатералноста, односите меѓу Кина и Европа станаа неопходни“, јавува Anadolu Agency (AA).
Макрон во Елисејската палата во Париз се сретна со претседателот на Кина, Си Џинпинг, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и германската канцеларка Ангела Меркел.
По средбата лидерите одржаа заедничка прес-конференција.
Макрон изјави дека постои заедничка работа меѓу Европа и Кина, и додаде „Со цел продолжување на светскиот поредок и мултилатералноста, односите меѓу Кина и Европа станаа неопходни.“
Макрон нагласи дека во повеќе прашања се согласува со Кина.
„Постои заедничко мислење во врска со зачувувањето на Договорот за нуклеарната програма со Иран. Исто така, имаме заедничко мислење во врска со прашањето за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров во рамки на резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН)“, нагласи Макрон.
Францускиот претседател истакна дека со Кина имаат заедничка гледна точка околу тоа да се изведуваат активности во врска со климатските промени.
Макрон рече дека Европа, заедно со Кина, ја сочинуваат една од најзначајните економии во светот, и укажа на потребата за заедничка волја во трговскиот мултилатерализам.
„Европа треба да развие дијалог со Кина“, истакна тој, додавајќи дека Патот на свилата може да придонесе во односите меѓу Европа и Кина.
- „Франција и бројни земји во светот сакаме да ги видиме во овој проект“
Кинескиот претседател Си нагласи дека светот се соочува со бројни проблеми и дека се наоѓа во неизвесност.
„Новиот проект на Патот на свилата ќе придонесе во функционирањето на светската економија и мултиполарноста. Франција и бројни земји во светот сакаме да ги видиме во овој проект“, рече Си.
Тој истакна дека неговата земја продолжува со реформи и дека реформите кои неговата земја ги направила во 40 години, Европа ги направила во рок од три века.
Кинескиот претседател укажа на важноста на зајакнувањето на дијалогот со Европа.
- „Со Кина сме во позиција на стратешки партнери“
Јункер рече дека соработката на Кина и ЕУ ќе даде позитивни резултати и дека односите треба да продолжат врз основа на соработка и доверба, а не врз конфликт.
„Со Кина сме во позиција на стратешки партнери, иако сме конкуренти. Како што имаме интереси кои треба да ги заштитиме, така постојат и области во кои имаме конкуренција“, нагласи Јункер.
Тој истакна дека европските пазари се отворени за кинеските компании, но дека исто така и Кина треба да ги отвори своите пазари за европските компании.
news_share_descriptionsubscription_contact
