Şerife Çetin
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
СТРАЗБУР (АА) – Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, истакнувајќи дека треба да бидат отворени кон тоа Брегзит да биде одложуван подолго време, рече: „Шест милиони луѓе ја потпишаа петицијата за одложување на Брегзит, 1 милион луѓе учествуваа на протестот, не можеме да извршиме предавство кон лицата што сакаат да останат во ЕУ“, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск, зборувајќи на седницата на лидерите на ЕУ за Брегзит, организирана во рамките на Европскиот парламент во Стразбур, потсети дека минатата недела Европскиот совет го одобрил Договорот од Стразбур и дека е разгледано барањето на Велика Британија за одлагање.
Потсетувајќи дека Советот на ЕУ на Велика Британија ѝ понудил две сценарија, Туск истакна дека во случај Долниот дом оваа недела да го потпише Договорот за одвојување, Брегзит ќе се случи на 22 мај, во спротивно на Велика Британија ќе ѝ се даде рок до 12 април.
Туск, исто така, истакна дека Велика Британија до 12 април треба да даде информации за тоа дали ќе учествува на изборите за Европскиот парламент.
„Дванаесетти април е прагот на бездната за Брегзит. Пред овој датум Велика Британија може да избира дали ќе се одвои со договор, без договор, дали ќе сака долго одложување или пак, ќе се откаже од Брегзит“, рече Туск.
„Ние треба да сме отворени кон тоа Брегзит да го одложуваме подолго време. Шест милиони луѓе ја потпишаа петицијата за одложување на Брегзит, 1 милион луѓе учествуваа на протестот, не можеме да извршиме предавство кон лицата што сакаат да останат во ЕУ. Овие лица можат да мислат дека не се доволно добро застапени од Британскиот парламент. Но, тие треба да чувствуваат дека се добро застапени од Европскиот парламент, бидејќи тие се Европејци“, додаде претседателот на Европскиот совет.