Arif Yusuf,Mehmet Nuri Uçar
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Поради судирите меѓу ирачката армија и припадниците на терористичката организација ДЕАШ во источниот дел на Мосул, чија акција за ослободување продолжува, во последните 24 часа своите домови ги напуштиле 3.200 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Ијад Рафид, од ирачката Црвена полумесечина, вели дека цивилите кои избегале од своите домови се претежно жени и деца. Овие цивили се сместени во камповите Хазир, Ел-Џед и Хасан Шам.
Рафид додаде дека екипите на Црвената полумесечина, Министерството за миграции и бегалци и меѓународните хуманитарни организации се обидуваат да достават помош за цивилите кои ги напуштија своите домови.
Во соопштението на Министерството за миграција и бегалци се вели дека од 17. октомври, денот кога почна акцијата за ослободување на Мосул од терористичка организација ДЕАШ, во камповите под надлежност на министерството сместени се 62.000 бегалци.