Sinan Doğan
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
БОГОТА (АА) - Во Венецуела е откриена мутирана верзија на коронавирусот за која се тврди дека се шири побрзо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, за државната телевизија изјави дека мутираната верзија на коронавирусот, која претходно е откриена во Чиле, Еквадор и Перу, е откриена и во Венецуела.
Истакна дека еден случај на оваа верзија на вирусот се појавил во провинцијата Зулиа, на границата со Колумбија.
„Оваа верзија сега се шири во Колумбија, а неодамна откривме дека британската верзија на коронавирусот во нашата држава дошла од Колумбија“, рече Мадуро
Тој ја предупреди јавноста, нагласувајќи дека ги презеле потребните мерки на претпазливост на границата. Нагласи дека во последните денови бројот на случаи на Ковид-19 и смртни случаи во Колумбија премногу се зголемил.
Во Венецуела претходно во три града е откриен мутиран тип коронавирус кој се појави во Бразил.