БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за голем број смртни случаи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 873 лица во Бразил, 50 во Мексико, 347 во Аргентина, 539 во Колумбија, 207 во Перу, 121 во Чиле, 36 во Еквадор, 43 во Боливија, 135 во Парагвај и 57 во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 873 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 473.404.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 39.637, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 16.947.062.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 15.342.286 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 50 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.401 новозаразен.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 228.804 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.433.681. Досега во оваа земја оздравеа 1.939.536 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 347 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 81.214. Во истиот период детектирани се 16.415 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.955.439.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.529.033 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 539 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 91.961.
Во последното деноноќие детектирани се 24.050 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.571.067. Во оваа земја досега оздравеа 3.310.737 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 207 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.637 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.983.570, од кои починаа 186.511 лица, а оздравеа над 1.936.147 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 121 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 29.937.
Во истиот период регистрирани се нови 7.768 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.427.956, а оздравеа вкупно 1.347.676 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 36 смртни случаи, вкупно 20.809 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 924 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 432.353.
Досега во Еквадор оздравеа 398.465 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 43 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.428.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 387.162, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.024. Досега оздравеа 306.819 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 135 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.144 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 373.165, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 9.874.
Досега оздравеа 306.695 лица позитивни на коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 57 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 4.640.
Во истиот период детектирани се 3.841 лице позитивни на Ковид-19, вкупно 316.535 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 275.138 заразени со Ковид-19.