Murat Eğilmez
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција Јилдирим изјави дека синоќешниот напад и убиство на рускиот амбасадор Андреј Карлов уште еднаш ја покажа сета подлост на тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овој настан, несомнено е подла провокација, насочен кон раскинување на турско-руските односи. Но кој што сака нека прави, Турција и Русија ќе продолжат да ги развиваат своите врски. Нивната моќ нема да биде доволна за да ги раските овие врски”.
Премиерот Јилдирим при отворањето на тунелот Евроазија во Истанбул изјави дека овие градби се градат на начин кој што и доликува на историјата на Истанбул и Турција.
„Овие градби ги градиме на начин што доликува на историјата на Истанбул и на Турција, кој се темели на мирот, љубовта, пријателството, братството. Нашето братство, единство, заедништво го цениме повеќе од кога било досега. Нема да ѝ дозволиме на ниту една подла организација да се обиде да го расипе ова братство. Ќе ги извлечеме на виделина и сите оние кои стојат зад овие терористички организации”.