Nurhan Çorlu
20 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, на отворањето на тунелот Евроазија истакна: „Колку што сакате вршете терористички напади, колку што сакате подлеци донесете на едно место, овој народ не ќе можете да го разделите, овој народ не ќе можете да го распарчите”, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган истакна дека ќе бидат истражени сите врски на извршителот на атенатот врз рускиот амбасадор во Анкара.
„Удирање од грб е обичај на предавниците. Вчера вечер извршителот ја плати цената, но ќе бидат истражени неговите врски одделно и ќе бидат презентирани пред јавноста. Веќе почна да излегува на виделина”, рече Ердоган.
Tој додаде дека со Русија е формирана заедничка комисија за истрага која работи на откривање на деталите во врска со вчерашното убиството на рускиот амбасадор.
„Безбедносните сили и судството вршат истрага и вистината ќе ја извадат на виделина. Со Русија формирана е заедничка комисија за истрага која работи на откривање на деталите поврзани со убиството”.
Фала му на Бога што сме граѓани на оваа скапоцена земја која поврзува континенти
Претседателот Ердоган изјави дека новоизградениот тунел Евроазија, под Босфорот, е уште еден мега-проект кој му доликува на Истанбул и на Турција.
„Фала му на Бога што сме граѓани на оваа скапоцена земја и на овој град кои спојуваат два континенти. Овој град е навистина вреден за секакво жртвување и ние сме заљубени во Истанбул. Темелите на тунелот Евроазија ги вкопавме на азискиот брег, а свеченото отворање го правиме на европскиот брег”, истакна Ердоган за време на обраќањето на свеченото отворање на новиот турски мегапроект кој под Босфорот ги поврзува Европа и Азија.