Admir Fazlagic
19 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на бројни љубители на музичката уметност вечерва во „Салон 19’19“ при Културно - информативниот центар во Скопје, младиот пијанист Арда Мустафаоглу одржа солистички рецитал, јавува Anadolu Agency (AA).
Арда Мустафаолгу (16) е пијанист од Скопје. Добитник е на бројни награди на интернационални натпревари во Македонија, Турција, Србија, Албанија, Грција, Бугарија, Белгија, Италија, Германија.
Иако има само шеснаесет години тој има бројни рецитали и настапи во Германија, Италија, Турција, Франција, Бугарија, Србија, како и низ градовите во Македонија.
Пијанистот Мустафаоглу е овогодишен добитник на Тринаесетноемвриската награда на Градот Скопје за посебен придонес на Градот Скопје во светот.
Инаку, вечерашниот пијано рецитал е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.