Admir Fazlagic
23 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на бројни љубители на музичката уметност вечерва во концертната сала на државниот музичко - балетски училишен центар „Илија Николовски - Луј“ во Скопје, младиот пијанист Арда Мустафаоглу одржа солистички рецитал, јавува Anadolu Agency (AA).
На програмата во рамките на солистичкиот рецитал беа дела од Доменико Скарлати, Сергеј Рахмањинов, Сергеј Прокофјев, како и други дела.
Петнаесет годишниот Арда Мустафаоглу од Скопје е еден од најталентираните македонски млади пијанисти.

Оваа година тој освои бројни награди на меѓународни пијано натпревари во Турција, Бугарија, Србија, Италија и Белгија, а исто така имаше настапи во Италија и Германија, солистички концерт во Штип и концерт со Македонската Филхармонија.
Инаку, вечерашниот рецитал е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес за годината во изминување.