свет

Саудиска Арабија покрена климатска иницијатива во вредност од 10,4 милијарди долари

Самитот на зелената иницијатива за Блискиот Исток собира на едно место истакнати лидери и официјални претставници од регионот и светот со цел зајакнување на соработката...

26.10.2021 - Обновена : 27.10.2021
Саудиска Арабија покрена климатска иницијатива во вредност од 10,4 милијарди долари

РИЈАД (АА) - Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, покрена регионална иницијатива вредна 39 милијарди саудиски ријали (10,4 милијарди долари) за борба против климатските промени, во која кралството ќе придонесе 15 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во својот говор на Самитот на зелена иницијатива за Блискиот Исток, Бин Селман рече дека Кралството ќе работи на формирање регионален центар за рано предупредување од невреме.

Тој, исто така, најави дека ќе се формира регионален центар за климатски промени, ќе се развие регионален центар за зафаќање и складирање јаглерод диоксид, како и формирање регионален центар за одржлив развој на рибарството и регионална програма за „сеење“ облаци како и формирање на Фондација „Зелена иницијатива“, непрофитна организација за поддршка на работата на самитот во иднина.

Самитот на зелената иницијатива за Блискиот Исток собира на едно место истакнати лидери и официјални претставници од регионот и светот со цел зајакнување на соработката и обединување на напорите кон имплементација на заедничките еколошки обврски.

Минатиот март, Саудиска Арабија го објави започнувањето на иницијативите Зелена Саудиска Арабија и Зелен Блиски Исток за подобрување на квалитетот на животот преку зголемено потпирање на чистата енергија, неутрализирање на ефектите од нафтата и заштитата на животната средина.

Имено, овие иницијативи имаат за цел да засадат 50 милијарди дрвја во регионот и да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид за повеќе од 10 отсто од глобалниот придонес.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.