Can Erözden
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Американска технолошка компанија изработи „паметен прстен”, кој за потребите на програмата за сон и фитнес ќе може да ја следи брзината на отчукувањето на срцето, јавува Anadolu Agency (AA).
Технолошката компанија „Мотив“, со седиште во Сан Франциско, успеа многубројните функции на алката за фитнес да ги вгради во титаниумски прстен.
Покрај бројот на изодени чекори, потрошени калории и изминатиот пат при спортски активности, прстенот ќе регистрира и колку часови сон имал корисникот на прстенот. Благодарение на вградениот оптички сензор, прстенот ќе може и да го мери пулсот, т.е. брзината на отчукувањето на срцето.
Прстенот е изработен со можност самостојно со батерија да работи 5 дена и до длабочина од 50 метри. Во предпродажба, цената на прстенот во САД изнесува 199 долари. Во продажба прстенот ќе може да се најде во боите црвено злато и барут.