Tayfun Coşkun
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
САН ФРАНСЦИСКО (АА) - Во еден од најголемите градови на американската сојузна држава Калифорнија, градот Сан Франциско, се одржа марш за наука на кој присуствуваа повеќе од десет илјади граѓани, јавува Anadolu Agency (АА).
Учесниците на маршот носеа транспаренти со слогани „Науката не е либерален заговор", „Науката против незнаењети на Трамп" и „Науката не е тишина".
Настанот беше организиран под мотото „Прошетка за науката". Покрај поддршката на науката насобраните протестираа против неодамнешниот потег на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ние сме тука за поддршка на науката. Науката е вистинска и важна. Некои луѓе ги мешаат науката и политиката. Науката е реалност и таа мора да биде во политиката", рече професорот по биологија Kеган Донлан.