Murat Karadağ
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Властите на Иран ги забранија зумбата, аеробикот, ритмиката и хип-хопот во спортските и фитнес салите бидејќи се косат со иранската култура и традиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Федерацијата спорт за сите во Иран (TAFISA) соопшти дека зумбата и некои рекреативни спортови се забранети во Иран, бидејќи содржат спорни фигури од танцот и како такви не се во согласност со иранската култура.
Иранската новинска агенција ИСНА јавува дека на сите локални и регионални власти во државата им се доставени директиви на терен да ја спроведат забраната со бавење со овој вид на спорт и рекреација во спортските сали и фитнес центрите.
Надлежните ирански власти порачаа дека сите манифестации и активности во спортските сали и центри мора да бидат во согласност со културниот кодекс на општеството, и дека танцот зумба не е во согласност со него.
Иако, покрај зумбата, во Иран сѐ повеќе популарни се и аеробикот, хип-хопот и ритмиката, властите ја забранија овој вид на рекреација и спорт поради тоа што не е во согласност со иранската култура, бидејќи ја промовира странската музика и танцови фигури кои во Иран се забранети.