Tayfun Coşkun
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Во Сан Франциско, во американската сојузна држава Калифорнија, се одржа протест во различни делoви на градот против Кју Клукс Кланот (ККК), екстремно расистичка организација која ја пропагира супериорноста на белците во САД, и против американскиот претседател, Доналд Трамп, на кој учествуваа илјадници лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот кој се очекуваше да се одржи во саботата во еден голем парк во близина на мостот Голден Гејт во Сан Франциско, беше откажан ден пред да се одржи поради безбедносни причини.
По откажување на протестот, демонстрантите преку социјалните мрежи донесоа одлука за одржување на собирот на друго место.
За безбедноста на протестот се грижеа стотици полицајци, а демонстрантите кои се собраа на плоштадот „Аламо“, протестираа против Кју Клукс Кланот и против претседателот на САД, Трамп.
На познатите куќи во Сан Франциско, „Painted Ladies“, беа поставени транспаренти против Трамп. Голем број марксистички групи се обидоа да ги скријат своите лица од камерите.
Демонстрантите маршираа до општинстката зграда во Сан Франциско.