Ekipa
27 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за нападот со нож на тројцата белгиски војници во Брисел во петокот, соопшти новинската агенција Амак, блиска на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение се наведува дека војникот на ДЕАШ извршил напад како одговор на повиците за нападите на земјите членки на коалицијата кои се борат против таа терористичка организација.
Нападот се случи на познатиот булевар „Emile Jacqmainand“. Осомничениот ги нападна белгиските војници кои патролирале по улицата. Напаѓачот беше застрелан при што им подлегна на повредите.
Од Канцеларијата на Федералниот обвинител соопштено е дека напаѓачот ѝ бил познат на полицијата од претходни обвиненија за напади, но не и по терористички активности.
Осомничениот е белгиски државјанин со сомалиско потекло.