Ekipa
27 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Полицијата во Барселона соопшти дека околу 500.000 лица учествувале во Маршот на мирот кој се одржа во знак на протестите против минатонеделните терористички напади во кои загинаа 15, а беа повредени над стотина лица, јавува Anadolu Agency (AA).
На крајот од саботниот марш, познатата каталонска актерка Роса Марија Сарда и муслиманската активистка, Миријам Хатиби, прочитаа кратки говори и песни од сцената на главниот градски плоштад.
Сарда рече: „Не се плашиме, бидејќи однесувањето на нашите сограѓани покажа дека сме солидарно општество“.
Хатиби одговори „не се плашиме“, повторувајќи го така главниот слоган на Маршот на мирот, додавајќи „знаеме дека љубовта ја победува омразата “.
Здравствените официјални лица во саботата соопштија дека 22 од над 120 повредени во нападите на 17 и 18 август и понатаму се на лекување во болниците. Шест се сѐ уште во критична состојба.