Khalilur Rahman Salahshoor
14 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - На мобилната апликација на Anadolu Agency (AA), која работи на платформите Андроид и iOS, додадени се и адаптациите за персиски и за руски јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
Вестите на АА, можат да се следат на смарт телефоните и на таблетите преку платформите iOS и Андроид, а покрај можноста за следење на вестите на турски, англиски, арапски и на француски јазик, на читателите ќе им биде овозможено вестите да ги следат и на персиски и на руски јазик.
Корисниците на смарт телефоните и таблетите кои се базирани на пратформите iOS и Андроид, ќе можат да ја преземат мобилната апликација на АА и ќе имаат можност корисничкиот интерфејс и сите вести да ги следат на турски, англиски, арапски и француски, како и на персиски и руски јазик.
Конкретната мобилна апликација ќе може да се преземе од Google Play и Apple Store.
Покрај апликацијата за смарт телефони и таблети базирани на платформите iOS и Андроид, Дирекцијата за истражување и развој на Anadolu Agency изработи апликација и за корисниците на уредите Windows Phone и продолжува со воведување на избор за повеќејазичност во своите апликации.
Наскоро се очекува оваа апликација да овозможи користење на македонски и на албански јазик.