Ekip
02 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Мобилната апликација на Anadolu Agency базирана на платформите Андроид и iOS, по рускиот и персискиот јазик, сега ќе биде достапна и на македонски, албански, босански, сорански и курманџи јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
Апликацијата за Андроид и iOS системите ќе овозможува моментално следење на вестите на Anadolu Agency преку смарт телефоните и таблетите. Корисниците претходно преку апликацијата на АА имаа можност вестите да ги следат на турски, англиски, арапски, персиски и на руски јазик, а сега на апликацијата се додадени и македонски, албански, босански, сорански и курманџи јазик.
Со преземање на апликацијата на смарт телефоните и таблетите базирани на Андроид и iOS систем, корисниците ќе бидат во можност да ги следат сите вестите на Anadolu Agency на турски, англиски, арапски, француски, персиски, руски, сорански, албански, македонски, курманџи и босански јазик.
Наведената апликација може да се преземе преку Google Play и Apple Store.
По апликацијата за Андроид и iOS, дирекцијата за истражување и развој на Anadolu Agency изработи апликација и за смарт телефоните и таблетите базирани на Windows Phone технологија, кај која исто така постои повеќејазична поддршка.
• апликација за iPhone
• апликација за iPad
• апликација за Android
• апликација за Windows