Özgün Tiran
14 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Супермесечината блесна на небото над Едирне и Киркларели, северозападна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број граѓани кои излегоа на улиците на Едирне и Киркларели, имаа можност да ја фотографираат Супермесечината.
Граѓаните и вечерва ќе имаат можност да ја видат Супермесечината. Позицијата на Месечината е на најблиско растојание од Земјата во 2016 година, и за првпат во 21. век.
Научниците информираат дека Месечината нема повторно да се приближи на ова растојание до Земјата сѐ до 25 ноември 2034 година. По 68 години, Месечината за првпат ќе може да се види со големина поголема за 14 отсто и ќе биде посјајна за 30 отсто.
%2F20161114_2_20133846_16022550.jpg)