Murat Temizer
19 Февруари 2020•Ажурирај: 20 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Преку гасоводот „Турски тек“, во текот на првиот месец од своето работење во јануари 2020 година, Русија пренесе над 500 милиони кубни метри природен гас во Европа преку Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гасоводот, што свечено го пуштија во употреба турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на Русија, Владимир Путин, на 8 јануари, пренесе 506,3 милиони кубни метри гас во Европа преку Турција низ Бугарија.
Според меѓународните договори потпишани со Турција, Турскиот трезор ќе добива месечни транзитни такси за секој пренесен кубен метар.
„Турски тек“ е гасовод за извоз на гас којшто се протега од Русија кон Турција преку Црното Море, со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.
Комерцијалното снабдување преку гасоводот започна на 1 јануари 2020 година.