Emre Gürkan Abay
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
МОСКВА (АА) - ЕМРЕ ЃУРКАН АБАЈ - Министерот за енергетика на Русија Александар Новак, истакна дека при крај се подготовките за договорот меѓу двете влади во однос на гасоводниот проект Турски тек и додаде: „Посакуваме овој договор да биде готов во текот на средбата меѓу Ердоган и Путин, којашто ќе се реализира следната недела“, јавува Anadolu Agency (AA).
Новак во разговор со новинарот на АА, во пресрет на средбата меѓу Ердоган и Путин, која ќе се одржи следната недела, говореше и за економската и енергетската соработка меѓу Русија и Турција.
Нагласувајќи дека Турски тек е многу важен проект и дека ќе ѝ овозможи на Турција директен увоз на гас, избегнувајќи ги транзитните земји, Новак рече, „Oва е голем проект и многу детална студија. Сега сме при крај во комплетирање на меѓувладиниот договор. Посакуваме овој договор да биде готов во текот на средбата меѓу Ердоган и Путин, којашто ќе се реализира следната недела“.
Тој исто така потсети дека во првите месеци од оваа година трговската размена меѓу Русија и Турција паднала за 40 проценти.
„Наша цел е економската и трговската соработка да ја вратиме на нивото пред кризата. Продолжуваат разговорите во однос на санкциите и постепено сакаме да ги отстраниме сите санкции“.
- „Акују - иднината на стратешкото партерство“ -
Истакнувајќи дека Турција за првпат ќе реализира заеднички проект со Русија во енертескиот сектор, Новак рече: „Проектот со нуклеарната централа Акују го гледаме како иднина на стратешкото партнерство меѓу Турција и Русија“.
Тој потсети дека во рамките на овој проект, околу 260 турски студенти се наоѓаат во Русија на постдипломски студии со цел да се специјализираат во оваа област и додаде:
„Сега се наоѓаме во фаза на започнување со изградба на проектот. Беше поминат еден важен процес во врска со изборот и развиењето на градежното место, ѝ се заблогодарувам на Турција за направените чекори со цел олеснување на овој процес. Во нуклеарната централа Акују ќе се инвестираат околу 20 милијарди долари, а делот од 6 до 8 милјарди долари ќе биде управуван од страна на турските фирми. Затоа, се надеваме дека овој проект, којшто ќе даде придонес кон турската економија, ќе има статус на стратешка инвестиција. Покрај ова сметаме дека доколку проектот го добие статусот на стратешка инвестициија, истиот ќе биде привлечен и за турските инвеститори“.
- „Цените на гасот ги одредуваат договорите“ -
Новак во текот на разговорите меѓу Русија и Турција, којшто траат подолго време, во врска со намалување на цената на гасот истакнува дека: „Цените на гасот се одредуваат во рамките на договорите меѓу Газпром и турските фирми. Моментално, Газпром обезбедува гас за БОТАШ и некои други приватни компании. Колку што знам продолжуваат разговорите меѓу надлежните лица. Се надевам дека ќе се изнајде заедничко решение коешто ќе ги задоволи сите страни“.
Тој нагласи дека тие не се заинтересирани да ја снабдуваат Турција само со енергетски извори, туку дека се заинтересирани и за развојот на петрохемиските производи, како и за секторот на производстово на енергија од гасоводни извори, и.т.н
Истакнувајќи дека компанијата "Rus Inter-RAO" во Турција управува со централа од 478 мегавати, Новак рече дека и Газпром реализира слични нешта и дека се разгледуваат и други проекти којшто ќе ја прошират соработката меѓу двете земји.
Истакнувајќи дека пазарот на гас е крајно конурентен сектор во Турција, Новак рече:
„Моментално Русија на Турција годишно ѝ обезбедува 30 милијарди кубни метри гас. Покрај ова, и Иран, Азербејџан, Нигерија и Катар извезуваат гас во Турција. Гасоводните проекти се долгорочни инвестиции за којшто е потребен голем капитал. Затоа само ефективните проекти можат да бидат успешни во услови на ваква конкуренција. Во оваа фаза е тешко да се процени која компанија може да биде поуспешна над другите во врска со снабдувањето со гас, но Гаспром е компанија којашто има капацитет да се натпреварува со кои било регионални проекти. Русија е земја којашто се има докажано како сигурен снабдувач на гас и подготвена е да биде сигурен снабдувач на гас за Турција.
- „Русија ја поддржува одлуката на ОПЕК“ -
Во однос на глобалниот пазар на нафта и Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), Новак рече дека ограничувањето на производството на нафта ќе придонесе позитивно во стабилизација на глобалниот пазар. „Затоа ја поддржуваме одлуката за ограничување на производствените квоти на нафтата“ рече тој.
Истакнувајќи дека ги очекуваат предлозите коишто ќе дојдат од ОПЕК, Новак додаде дека следната недела во Истанбул ќе се одржи средба со генералниот секретар на ОПЕК, Мохама Баркинфо, на којашто очекува да се разговара на овие теми.