Dilara Zengin
09 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Светскиот енергетски конгрес 2016 ќе отвори нови хоризонти за формирање на одржлива глобална енергетска иднина, во комбинација со турското мото "енергија за мир", истакна денес на отворањето, турскиот министер за енергетика, Берат Албајрак, јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодинешниот конгрес (којшто се организира на секои три години) на кој Anadolu Agency (АА) е глобален комуникациски партнер за 2016 година, започна денес во Конгресната долина во Истанбул.
Говорејќи на прес-конференцијата, Албајрак рече дека Турција ќе придонесе за глобалниот и регионалниот мир во светлина на мотото на Турција - "енергија за мир".
„Ние сме среќни што сме домаќини на Конгресот во Истанбул, каде што претставници на високо ниво ќе се здружат и ќе се обидат да ја изградат иднината на енергетските пазари. Конгресот ќе обезбеди средина за нови соработки преку платформа на која ќе се разговара за балансот на глобалната и регионалната понуда и побарувачка на енергија”, рече тој.
„Ние ќе ги оцениме заедничките проекти и можности за соработка со учесниците. Ќе се создаде позитивна синергија со собирање на сите чинители на енергетскиот сектор”, додаде министерот Албајрак.
Албајрак рече дека Конгресот ќе биде камен-темелник за формирање на светла глобална енергетска иднина, преку обезбедување совет на земјите со цел изнаоѓање инклузивни решенија за постоечките проблеми.
"Турција не е само територија која го поврзува истокот и западот, туку, исто така, и стабилен енергетски мост за регионот", рече тој.
На Конгресот ќе учествуваат четворица претседатели и над 250 говорници од 130 земји во светот.