Mehmet Akif Turan
08 Мај 2018•Ажурирај: 09 Мај 2018
РАБАТ (АА) - Од Националната опсерваторија за хуманитарен развој на Мароко соопштија дека четириесет отсто од децата во земјата страдаат од повеќестрана сиромаштија, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференција којашто се одржа во Рабат, главниот град на Мароко, организирана од страна на Опсерваторијата, беа објавени резултатите на заедничкото истражување со УНИЦЕФ за децата во Мароко.
Се истакнува дека истражувањето кое вклучува деца на возраст до 17 години, е базирано врз критериуми како здравјето на децата, нивната исхрана, образованието, пристапот до вода, засолнување, здравствено осигурување, комуникација и пристап до информации.
Според истражувањето, децата од Мароко кои немаат пристап до најмалку две од наведените критериуми, се соочуваат со повеќестрана сиромаштија.
Се истакнува дека 39,7 отсто од мароканските деца страдаат од повеќедимензионална сиромаштија, од кои 68,7 отсто се деца кои живеат во рурални средини.
Според истражувањето, во последните 30 години во Мароко е забележан значаен развој во насока на здравјето на децата и мајките, образованието, развојот и заштитата на децата, додека потребно е вложување поголеми напори за да се понуди една подобра иднина за децата и подобрување на нивните права.