Ekipa
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во последните 30 години, над 700 милиони Кинези се избавиле од сиромаштија. Забележан е пораст на стапката на писменост и на животниот век, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција Синхуа објави дека податоците покажуваат оти таа бројка се однесува на над 70 отсто глобално намалување на сиромаштијата.
Според податоците, во 2015 година, просечниот животен век на нацијата од 1,385 милијарди луѓе е 76,34 години, што претставува продолжување на животниот век од 35 години во 1949 година.
Во трудот што ги содржи податоците, насловен како „Право на развој: Кинеската филозофија, практика и придонес“, се вели дека степенот на образование, исто така е зголемен.
Во 1949 година, над 80 проценти од населението на земјата се сметаше за неписмено, а само 20 отсто од децата на училишна возраст се запишуваа на училиште.
До 2015 година, вкупниот број на запишани деца достигна 99,88 проценти, од кои 87 проценти посетуваат средно училиште со трет степен.