Besar Ademi
30 Јуни 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија ја организираше завршната конференција во рамките на регионалниот проект „Подобрување на заштитата на правата на обвинетите во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија и Албанија", јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот се спроведува во соработка со Хелсиншкиот Комитет во Република Српска, како и поддршка на УСАИД преку Програмaтa за Балканска Регионална мрежа за владеење со правото (БРРЛН) , а е имплементиран од страна на Американската адвокатска асоцијација во пет балкански земји.
Правениот советник македонскиот Хелсиншки комитет, Воислав Стојановски, рече дека во рамките на проектот се анализирани сите основни судови на Македонија во всрка со застапување од страна на адвокат назначен по службена должност. Од 26 судови низ целата земја, како што рече тој, добиле одговор од 25 судови кои изборот на адвокатите го прават во неколку методи.
„Од 970 адвокати кои кажале дека сакаат да постапуваат по службена должност околу 640 биле ангажирани во 2015 година, меѓутоа ова е за таму каде што била задолжителна одбраната.сакаат да третираат овие случаи, околу 640 биле ангажирани во 2015 година. Адвокат по службена должност затоа што лицето е сиромашно судовите не повикале ниту еднаш во 2015 година што е фрапамтен податок, затоа што како што знаете сиромаштијата во Република Македонија е околу 30 проценти, а ние не обезбедуваме адвокати по службена должност за оние кои самите тоа не можат да си го дозволат ", рече Стојановски.
Тој истакна дека начинот на именување на адвокат се прави од страна на Адвокатската Комора, од каде се презентира листатата и тие се именуваат од страна судиите или Судот сам ја прави листата на адвокати по службена должност и ги именува истите.
Според него, сиромашните луѓе во Македонија кои не се во можност да плаќаат, судот треба да обезбеди бесплатен правен советник, но како што рече, во земјава не постои методологија за да се утврди кој е сиромашен, а за тоа судови одлучуваат.
Директорката на програмата БРРЛН Елизабет Гивенс, кажа дека проектот кој се спроведува во текот на последните три години изнесува околу 3.20 милиони долари, а има за цел подобрување и унапредување на правата на обвинетите во овие пет земји на Балканот.