Uğur Aslanhan,Tolga Yanık,Abdulkadir Günyol
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамки на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели (World Business Angels Investment Forum-WBAF) во турскиот град Истанбул се состанаа бизнис-ангелите што управуваат со фондови во вредност од 500 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
АА е глобален комуникациски партнер на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели (WBAF), кој започна со учество на претседателот на турската парламентарна комисија за планирање и буџет, Лутфи Елван, и на претседателот на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели, Бајбарс Алтунташ.
На овој форум кој се одржува во „Свисхотел Босфор“ учествуваат голем број делегати од 92 земји.
Овогодишниот Форум ќе се фокусира на тоа како може повеќе да се развие соработката меѓу приватниот и јавниот сектор.
Во рамки на Форумот ќе се одржат 24 главни сесии, на кои ќе се обратат 132 меѓународни говорници.
На вториот ден од Форумот, на кој ќе учествуваат стотици бизнис-ангели и главните актери на пазарите на капиталот, 100 стартапи од 42 земји во рамки на настанот за наоѓање глобални фондови ќе одржат презентации пред глобалните инвеститори.
Исто така, на овогодишните сесии се очекува да учествува и Свати Мандела, внука на Нелсон Мандела, додека на сесиите ќе се обрати и проф. Индерџит Сингх, поранешен пратеник на Сингапур.
- Ќе се потпишат седум меѓународни договори
На овој форум се очекува да се потпишат седум меѓународни договори, а ќе се одржат и два состанока на инвеститори.
Министерот за трговија на Малезија, Датук Дарел Леикинг, и министерот за претприемништво на Албанија, Едуард Шалси, ќе одржат специјална презентација пред 260 специјални инвеститори поканети од 92 земји.
На овогодишниот Форум со свои моќни делегации ќе учествуваат и Агенцијата за промоција на извозот на Унгарија (HEPA), Агенцијата за инвестиции на Шпанија (ICEX), Трговската комора на Бахреин (BCCI), Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите нации (UNIDO), Агенцијата за инвестиции на автономната покраина Андалузија, Банката за развој на Катар (QDB), Агенцијата за инвестиции на Русија „Насдак“ и Светската банка (IFC).
Исто така, свои обраќања на овој форум ќе имаат и принцезата д-р Нисрин ел Хашемите, шеф на Кралската академија; шестиот претседател на Маврициус, проф. Амина Гуриб-Факим; министерот за трговија на Малезија, Датук Дарел Леикинг; министерот за претприемништво на Албанија, Едуард Шалси; министерката за финансии на Мали, Сафија Боли и заменик-министерката за надворешни работи на Мексико, Марта Делгадо Пералта, а на Форумот ќе учествуваат и поранешни политичари од Португалија и Тунис.
Покрај главните сесии, на Форумот ќе се одржи и „Nasdaq Talks“, во чии рамки ќе се обрати потпретседателот на Насдак, Карстен Боринг.
Исто така, во овие рамки ќе се одржат и шест посебни работилници за претприемачи и инвеститори.