Yunus Kaymaz
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига НБА, екипата на Денвер Нагетс го совлада Портланд Треил Блејзерс со 121:113 и поведе во серијата од 4 победи со 1:0, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 2 натпревари во НБА. Во полуфиналето од Западната конференција, Нагетс на домашен терен ја пречека екипата на Портланд Треил Блејзерс. Домаќините извојуваа победа од 121:113 и поведоа со 1:0 во серијата од 4 победи.
Во тимот на Нагетс одлична игра прикажа српскиот интернационалец Никола Јокиќ со постигнати 37 поени, 9 скока, 6 асистенции, а добра игра прикажаа и Џамал Мареј со 23 поени, 8 асистенции и Пол Милсап со 19 поени, 6 скока и 3 асистенции.
Кај гостите најпрецизни беа Дејмијан Лилард со 39 поени, 6 асистенции, 3 скока, Родни Худ со 17 поени, 2 скока, 1 асистенција и Си Џеј Маколум со 16 поени, 4 скока и 3 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Филаделфија го изедначи резултатот -
Филаделфија Севентисиксерс успеа да го победи Торонто Репторс на гостински терен, со резултат 89:94 и изедначи на 1:1 во меѓусебните дуели.
Џими Батлер со дабл-дабл од 30 поени, 11 скока и 5 асистенции беше најкорисен играч во редовите на Севентисиксерс, а свој удел во победата дадоа и Џејмс Енис со 13 поени, 6 скока, 2 асистенции и Џоел Ембид со 12 поени, 6 скока, 5 асистенции.
Кај домаќините најпрецизни беа Кавај Леонард со 35 поени, 7 скока, 6 асистенции, Паскал Сајакем со 21 поен, 7 скока, 3 асистенции и Кајл Лаури со 20 поени, 5 скока и 5 асистенции.