Mustafa Kurt
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Фудбалерот на турскиот суперлигаш Аланијаспор, Јосеф Шурал, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на патниот правец помеѓу Анталија и Аланија, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипата на Аланијаспор синоќа го играше мечот против Кајсериспор, а седум фудбалери од Кајсери се враќаа во Аланија со позајмен минибус, кој се преврте на влезот во Аланија.
Во несреќата во местото Динек повредени се сите седум фудбалери, а 29-годишниот чешки интернационалец Шурал починал во болница.
Преостанатите шестмина повредени фудбалери Кокер, Дјалма, Баиано, Сисе, Велинтон и Исак Саки се здобија со полесни повреди.
Управата на клубот, кој до неодамна го водеше и босанскохерцеговскиот стручњак Сафет Сушиќ, ја потврди тажната вест за смртта на Шурал.