Ekipa
28 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
БАКУ (АА) - Валтери Ботас победи на трката во Формула 1 која се возеше низ улиците на Баку за Големата награда на Азербејџан, со што продолжи со брилијантната низа на тимот на Мерцедес, јавува Anadolu Agency (AA).
Ботас трката ја започна од најдобрата стартна позиција, а второто место го освои неговиот тимски колега Луис Хамилтон, кој целта ја мина скоро две минути по Ботас.
На подиумот како третоплариран денес се качи возачот на Ферари, Себастијан Фетел, но ова е мала утеха за тој тим бидејќи е најголемиот ривал на Мерцедес, на сите четири трки оваа сезона ги освојуваше првите две места.
Во пласманот на возачи, Ботас ја презеде водечката позиција со 87 собрани бода. Второпласиран, со само еден бод зад него, е неговиот тимски колега Хамилтон. Фетел е на третото место со 52 бода.
Мерцедес доминира во конкуренцијата на конструктори со 173 бода, а Ферари е на второто место со 99 бода.
Следната трка во Формула 1 е закажана за 12 мај во Шпанија.