Mutlu Demirtaştan
28 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во првата средба од полуфиналето на Источната конференција, Торонто Репторс како домаќин го пречека тимот на Филаделфија Севентисиксерс. Репторс извојува победа од 108:95 и поведе со 1:0 во серијата од 4 победи, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа два натпревари од плејофот на американската Национална кошаркарска лига НБА. Во Источната конференција, Репторс на домашен терен го совлада Севентисиксерс со 108:95, благодарение на одличната игра на ол-стар ѕвездата на Торонто, која го прекрши својот рекорд во постигнати поени во плејоф-натпреварите.
Кавај Леонард на оваа средба постигна дабл-дабл од 45 поени, 11 скока, 2 асистенции, 2 украдени топки, додека Паскал Сајакем натпреварот го заврши со скор од 29 поени, 7 скока, 1 асистенција.
Најпрецизни во редовите на Севентисиксерс беа Џеј Џеј Редик со 17 поени, Џоел Ембид 16, додека Тобајас Херис и Бен Симсонс постигнаа по 14 поени.
- Нагетси се последниот полуфиналист -
Тимот на Денвер Нагетс во четвртфиналето од плејофот на НБА во Западната конференција се сретна со Сан Антонио Спарс. По резултатот од 3:3 во меѓусебните дуели, последниот, седми натпревар, Нагетс го играа на домашен терен. Денвер успеа да извојува победа од 90:86 и со скор од 4:3 се пласираше во полуфиналето на Источната конференција.
Српскиот интернационалец Никола Јокиќ, кој ги брани боите на Нагетс, постигна трипл-дабл од 21 поен, 15 скока и 10 асистенции и го понесе својот тим во полуфиналето. Свој придонес во победата на Денвер дадоа и Џамал Мареј со 23 поени, 5 скока, 4 асистенции и Гери Херис со 11 поени, 5 скока и 3 асистенции. Во полуфиналето Нагетси ќе играат против Портланд Треил Блејзерс.
Во редовите на Спарс добра игра прикажаа Руди Геј со 21 поен, 8 скока, 1 асистенција, Демар Дерозан 19 поени, 8 скока, 6 асистенции, Брин Форбс со 19 поени, 6 скока и Ламаркус Олдриџ со дабл-дабл од 16 поени, 11 скока и 4 асистенции.
Вечерва на програмата се два натпревари во НБА. Први средби од полуфиналето во своите конференции ќе одиграат:
19:00 Милвоки Бакс - Бостон Селтикс
21:30 Голден Стејт Вориорс- Хјустон Рокетс