Ahmet Gürhan Kartal
27 Април 2019•Ажурирај: 29 Април 2019
ЛОНДОН (АА) - Паул Погба наскоро би можел да го напушти Манчестер јунајтед, тврдат британските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Три години откако по враќањето во Јунајтед, со отштета од 105 милиони евра стана најскапиот фудбалер во историјата, Погба поради кризата на „Олд трафорд“ би можел да премине во некој друг клуб.
Британците тврдат дека францускиот фудбалер е огорчен од катастрофалната серија на Јунајтед и дека поради прозивките на кои бил изложен едно време, ја известил управата на клубот дека сака трансфер во Реал Мадрид кој претходно покажа интерес за овој фудбалер.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, веќе изјави дека би сакал да го види Погба во својата екипа.
Сепак, Оле Гунар Солскјаер, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека верува дека најскапиот фудбалер на неговиот тим ќе остане во клубот и наредната сезона.
Погба од Јувентус, Јунајтед го врати во летото 2016 година за трансфер вреден 105 милиони евра. Во дресот на клубот од „Олд трафорд“ одигра 138 натпревари и постигна 31 гол. За репрезентацијата на Франција настапи 68 пати, а постигна 10 погодоци.