Bakir Tiro
25 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
ЛОНДОН (АА) - „Треба да се биде мирен. Сѐ уште не сме шампиони. На играчите им реков да не ги читаат весниците и порталите, да не гледаат телевизија. Мора да се одморат до следниот натпревар“, рече Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, пренесува Anadolu Agency (AA).
Неговиот тим со синоќешниот триумф на гости во градското дерби над Манчестер Јунајтед (0:2) се врати на лидерската позиција во Премиер лигата на Англија и три кола пред крајот на Шампионатот има бод повеќе од Ливерпул (89:88).
„Ливерпул се труди да нѐ стигне и сѐ што направил во текот на сезоната е неверојатно. Меѓутоа, сѐ е во наши раце. Нѐ чека пекол против Барнли“, смета Гвардиола.
Сити в недела, во 36. коло од Премиер лигата, ќе му биде гостин на Барнли, кој се бори за опстанок, додека Ливерпул утре ќе го пречека последнопласираниот Хадерсфилд Таун.
До крајот на фудбалското првенство во Англија, Манчестер Сити ќе игра на домашен терен уште со Лестер, а во последното коло му гостува на Брајтон. Ливерпул во 37. коло ќе гостува кај Њукасл, па ќе го пречека Волверхамтон.